ОВА Е ЧОВЕКОТ кој го уби синот на германскиот претседател (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Фриц фон Вајцзекер (59), синот на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцзекер, бил убиен во приватна клиника во Берлин.

Вајцзекер држел предавање за црниот дроб кога после 55 минути од публика скокнал човек (57) кој го избодел до смрт.

Уште еден маж (33), инаку полицаец, кој приватно присуствувал на предавањето бил исечен по рацете и горниот дел на телото.

Засега не се знае кој е мотивот за нападот, но се претпоставува дека напаѓачот имал психички проблеми. Полицијата го пребарала и неговиот стан, но не е пронајдено ништо сомнително. Подоцна за време на денот тој ќе биде одведен на психијатриска проценка, по што ќе се донесе одлуката за притвор.

Фото: Принтскрин

Веднаш по нападот присутните побрзале да му помогнат на Вајцзекер, но залудно. Убиецот бил задржан до пристигнувањето на полицијата.

Колегите на докторот Вајцзекер биле шокирани, а многу од нив плачеле.

Фото: Принтскрин

Инаку, Вајцзекер од 2005 бил главен доктор на одделението за Интерна медицина во приватната клиника „Шлоспарк“ во која бил убиен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот