Ова е Британецот кој спаси 200 кучиња и мачки од Кабул, но не и персонал од стационарот за животни

Британецот Пол Пен Фартинг кој евакуирал 200 кучиња и мачки од Кабул/ Фото Facebook

Поранешниот британски маринец Пол Пен Фартинг успеа да спаси речиси 200 животни од Кабул, пренесува Скај њуз.  

Британските војници пренесоа речиси 200 кучиња и мачки од Нобузд во Кабул, поттикнати од кампањата на Фартинг. 

Кампањата на поранешниот британски маринец за спасување животни од Авганистан позитивно ја изненади британската јавност. Љубителите на животни со ентузијазам ја поддржаа неговата кампања, но британскиот министер за одбрана ги критикуваше дека „трошат премногу време“ на воените команданти кои работат на евакуација од Кабул. Фартинг и неговите животни среќно слетале во Британија. 

На Фејсбук страницата на Nowzad пишува дека фактот што не успеале да го спасат персоналот од азилот за животни е „разорен удар“.

„Работиме напорно за да ги евакуираме и луѓето и животните, нема да мируваме додека не бидат безбедни “, се вели во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот