Ова е актерката со која Чолиќ се забавувал! Песната „Ноќ ми те дугује“ е посветна на неа! (ВИДЕО)

Здравко Чолиќ е среќно оженет со Александра скоро две децении, а неговата сопруга ретко се појавува во јавноста и не дава изјави за медиумите.

Љубовниот живот на најголемиот заводник на Балканот пред бракот со Александра беше навистина бурен, а според кажувањата на луѓето кои се дружеле со него, жените сами се фрлале под нозете на Чолиќ, му провалувале во хотелските соби, а градниците кои му ги фрлаа на бина, одамна престанал да ги брои.

Фото: Принтскрин

Чола на медиумите им откри како ја изгубил невиноста, но за првата љубов, актерката Јасна Орнели Бери ретко зборувал. Сепак, детали од нивниот однос откри таа и кажа дека се заљубиле кога биле млади во Сараево.

– Секогаш дел од моето срце ќе биде резервирано за него – рекла Јасна во една емисија.

Таа во времето кога се забавувала со Чола имала репутација на една од најубавите девојки во Сараево, а публиката ширум регионот ја познава по филмовите: „На путу“, „Грбавица“, „Нафака“, „У земји крв и меда“ кој го режираше Анџелина Џоли.

– Првпат после војната се сретнавме во Белград, беше тоа емотивна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денеска. Пред се, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“ – изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот