24.8 C
Скопје

Ова долго се чекаше, конечно ќе се игра првиот фудбалски меч пред полн стадион

Долго се чекаше навивачите барем во одредена мера се вратат на трибините. Денеска има најави дека во Израел ќе има максимален број на гледачи на фудбалскиот натпревар помеѓу Макаби Тел Авив и Макаби Хаифа на стадионот „Блумфилд“.

Имено, состојбата со коронавирусот во оваа земја е нормализирана, па донесена е одлука навивачите да бидат вратени на трибините.

Ова значи дека во дербито на колото во израелскиот шампионат (недела, 19.30 часот) на стадионот „Блумфилд“ ќе биде дозволен целосниот капацитет на стадионот, односно присуствуваат 30.000 луѓе.

Ова исто така ќе биде прв фудбалски натпревар од почетокот на пандемијата на кој публиката ќе може да присуствува во максимален број, без ограничувања на капацитетот.

На табелата во тамошното првенство Макаби Хаифа е на првото место со 71 бод, пред второпласираниот Макаби Тел Авив (67).

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар