Ова докажува колку му недостига фудбалот на Горан Пандев (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Веќе неколку недели цела Италија е во карантин поради пандемијата од коронавирусот, кој во оваа земја досега однесе најголем број човечки животи.

Животот во Италија е во мирување. Целата нација е во домашна изолација, а мерките ги почитуваат и фудбалерите во оваа земја.

Меѓу нив е ѝ нашиот Горан Пандев.

Но, колку многу му недостига фудбалот на нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, говори и неговата денешна „стори“ објава на Инстаграм.

Популарниот Гранде Панде со фудбалерска топка трчаше и шутираше на покривот до неговата зграда. Друштво му правеа неговите дечиња Филипо и Ана.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот