ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ добива лифт за лица со физичка попреченост

Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром ќе добие лифт со што ќе се овозможи и ќе се олесни движењето на лицата со физичка попреченост во самиот објект, соопштија од општината.

Изградбата на лифтот почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година. Лифтот е донација од Американската амбасада, а неговата вредност изнесува околу 57 илјади долари.

Изградба на вакви лифтови е предвидена и во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“, информираат од општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот