Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – герила акција против лажните вести

На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти деновиве поставија макети од мобилни телефони, на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија.

Покрај секоја од лажните вести, напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморалноста и опасноста од манипулациите врз населението.

Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации и ги соочија со пет народни мудрости:

АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!

Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!

За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот