Отворено првото лизгалиште на мраз во Гостивар

Новата рекреативна содржина е дел од проект на Агенцијата за млади спорт со кој низ земјава ќе бидат поставени седум вакви лизгалишта.

Гостиварци од денеска ќе може да се рекреираат на монтажно лизгалиште. Новата рекреативна содржина е дел од проект на Агенцијата за млади спорт со кој низ земјава ќе бидат поставени седум вакви лизгалишта.

На просторот на паркингот зад спортската сала, на пригоден начин градоначалникот Арбен Таравари и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт Измит Нура го предадоа во употреба монтажното спортско лизгалиште.

– Ние како општина го поддржавме овој проект, логистички и со обезбедување на негово одржување. Во оваа прилика би се заблагодарил на Агенцијата за спорт и млади, кои се една од ретките институции во државата која посветува внимание на нашата општина. Ова е втор проект на Владата во Гостивар, која е единствена урбана опозициска општина во Македонија. Се надевам дека во иднина нема да останеме „црна овца” во државата и граѓаните на Гостивар плаќаат даноци како и другите граѓани и заслужуваат проекти поддржани од државата. Искрено се радувам дека на лизгалиштето ќе уживаат нашите најмлади сограѓани и ќе помогне во нивниот спортски развој – рече градоначалникот Таравари.

Лизагалиштето во Гостивар е едно од седумте, кои ги обезбеди Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи и за кое издвои 14 милиони денари, а ќе биде отворено до март, годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот