Отворено првото детско инклузивно игралиште во Марино

Фото: Општина Илинден

Во општина Илинден денеска беше отворено првото детско инклузивно игралиште, со разновидни реквизити кои можат да ги користат сите, вклучително и децата со посебни потреби, а се наоѓа во спортско рекреативниот центар во Марино.

Инклузивното игралиште е направено во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност – Македонија и општествено одговорни компании од општина Илинден.

На свеченото отворање на игралиштето градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека ова е првото детско инклузивно игралиште во Општината, но не и последно.

Како локална самоуправа ќе продолжиме и во наредниот период да градиме детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат – рече Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот