5 C
Скопје

Отворено писмо од Македонски манифест: Со сето ова дефинитивно ќе биде погребан македонизмот

Имајки ја предвид нашата политика на коленичење и прифаќање на сѐ што од нас ќе се побара, збунувачки се острите критики кон Бугарија и отфрлање на бугарските максималистички барања со кои се негира македонскиот идентитет и јазик… Но уште повеќе збунуваат изливите на оптимизам со кои Заев не убедува дака сме пред постигнување договор со Бугарија, наведуваат во отвореното писмо од Македонски манифест.

-Верувале или не, човекот „се гордее со тоа што Бугарите го признале македонскиот идентитет и јазик”. За нас ова е несериозно и само една од бројните лаги што ги изговори овој човек. Дилемата е кој отстапил од своите цврсти позиции? Бугарите или ние? Бугарите сигурно НЕ, затоа што Декларацијата на Бугарскиот Парламент не им го дозволува тоа. Се чини и овој пат отстапил Заев, затоа што ние немаме утврдени црвени линии. Дали ова значи дека Заев го прифатил бугарското кукавичко јајце понудено од Захариева, според која Бугарија треба да ја прифати новата реалност, новиот македонски идентитет настанат по 1944 год, а Македонија за возврат да ја прифати историската вистина дека до 1944 год сме биле еден народ-Бугари. ШОКАНТНО!?!?- стои во писмото.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Андоновиќ: Последните часови на мандатот на Трамп - Бајден денеска станува 46. претседател на САД

И да е од Заев премногу е, велат оттаму. И волкот сит и овците на број. За Бугарите ние и понатаму ќе си останеме таканаречен народ и измислена нација, а за Заев ова ќе значи признавање на македонскиот идентитет и јазик.

-Зарем со ова треба да се гордее македонскиот народ??? Човеков не сфаќа дека ако ова се прифати стануваме дрво без корен. Античката историја до VII век им ја оставаме на Грците. Срeдноvековната до 1944 година им ја препуштаме на Бугарите. А за нас Македонците? Заев ни го остава новиот, таканаречен македонски идентитет, измислица на Тито и КОМИНТЕРНАТА. Јавно прашуваме: ДАЛИ Е ОВА КОМПРОМИСОТ ШТО МУ ВЛЕВА ОПТИМИЗАМ НА ЗАЕВ? ЗАТОА ЛИ КРИЕ ЗА ШТО РАЗГОВАРА И ШТО СЕ ДОГОВОРИЛ? ПОВТОРНО ЛИ ЌЕ НЕ СТАВИ ПРЕД СВРШЕН ЧИН, КАКО ПРИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО? Простете, но со вакво нешто можат да се гордеат само луѓе со заматен ум. Но ова не е сѐ. Некој се сетил да го избрише АСНОМ. Со тоа си оставил простор подоцна да се оспори и новата реалност, (новата македонска нација) која ни се нуди, а историјата да ни почнува од 17.06. 2018 год. Со сето ова дефинитивно ќе биде погребан македонизмот. Ние Македонците ќе се трансформираме во една аморфна маса, а Македонија ничија и сечија земја, подготвена за парчење, исто онака како во предвечерјето на балканските војни. Тоа ќе биде вовед во нови пресметки, многу по крвави, затоа што на трите ќе им се приклучи и четвртата хиена- стои во писмото.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Д-р Митов: Хипертензијата е најважно, а запоставено здравствено прашање - се јавува дури и кај тинејџери и тоа е алармантно

Сепак „Македонски манифест” верува дека вакво нешто нема да се случи.

-Ваква глупост и понижување Македонскиот народ нема никогаш да прифати- потенцираат оттаму.

Пендаровски: Реални шанси за договор со Бугарија не постојат

Поврзани вести

Промовиран проектот „Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата”

Слободен печат

🔴 ОД МИНУТА ВО МИНУТА I Бајден денес станува претседател: Вашингтон е под опсада на војската

Слободен печат

Студија: Мадрид, Антверпен и Торино се најзагадени градови од азот диоксид во Европа

Слободен печат

Заев: Нема разговори за идентитетот и јазикот

Слободен печат

Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал

Слободен печат

Трамп се прости: Се гледаме наскоро

Слободен печат

Остави Коментар