Отворено одбојкарското игралиште на песок во Аеродром

Фото: Општина Аеродром

Одбојкарското игралиште на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром е отворено за сите љубители на одбојката на песок, информираат од оваа скопска Општина..

– Термините се целосно бесплатни и се закажуваат на телефонскиот број 076 960 180 или пак со испраќање директна порака на инстаграм страницата https://www.instagram.com/aerodromopen/. Препорачливо е да се резервира неколку дена однапред – стои во соопштението од Општина Аеродром.

Инаку, терените се отворени секој ден од 10 до 23 часот, при што еден термин е во времетраење од еден час.

На теренот за одбојка низ целото работно време ќе бидат присутни и стручни лица кои ќе им помогнат на сите рекреативци подобро да се запознаат со овој спорт, доколку имаат потреба од тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот