Изборниот законик остана незавршена тема за претходното мнозинство, бидејќи немаше политичка волја за една изборна единица, брифира министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Тој откри дека се воделе интензивни преговори со претставници на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за отворени листи на претстојните локални избори, кои треба да се одржат есента 2021 година. Министерот е уверен дека до април наредната година, односно шест месеци пред локалните избори, би биле усвоени измените што се однесуваат на отворените листи, бидејќи ЕУ инсистирала да не се менуваат правилата на игра непосредно пред одржувањето на избори.
– Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за наредните парламентарни избори. Но, морам да напоменам, зашто во џел од медиумите бев погрешно протолкуван, отворените листи не значат една изборна единица. Особено за локални избори нема таква можност, но за ова прашање ќе се разговара и понатаму, заклучи Маричиќ.