Отворени се игралиштата за одбојка и ракомет на кеј

Од денеска, (07.06.2019 година, петок) почнуваат со работа одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Кејот на реката Вардар (од страната на Луна паркот).

Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, спортски клубови, здруженија на граѓани и слично, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на игралиштата на песок.

Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Закажувањето може да се врши на следниов телефонски број: 072/808-200, во периодот од 10 до 24 часот секој ден, или на самото игралиште во горенаведениот период.

Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот