Отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Изборниот процес досега се одвива во мирна и демократска атмосфера/ Фото: МИА
Почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска од општинските изборни комисии.
Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски. 167-те избирачки одбори се подготвени за спроведување на изборите.
Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари информира дека во општината право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места.
Од ОИК Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот