Отворени дополнителни линии за психолошка поддршка за родители и деца

фото Архива

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил денеска објави дека се отворени дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст.

– Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка. Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, наведе министерот.

Линија за психолошка поддршка за тинејџери и нивните родители – 078/378-729, линија за родители на деца со попреченост – 070/291-574, што функционира од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден, и телефонска линија за деца на училишна возраст, родители на деца и предучилишна и училишна возраст – 072/912-676, што работи секој работен ден од 9:00 до 19:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот