Отворена првата детска градинка во село Брајковци

Навистина сум среќна што Брајковци коешто е рурално место ја доби првата детска градинка. Овој објект во којшто инвестиравме 10,3 милиони денари ќе значи многу за раниот детски развој во овој регион. Министерството за труд и социјална политика заедно со локалните самоуправи изминатиот период забразано работеа на подобрување на условите кадешто престојуваат дечињата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на отворањето на нова детска градинка во валандовското село Брајковци, објект под ЈОУДГ „Калинка”, во којашто ќе бидат опфатени деца на предучилишна возраст од четири околни населени места.

Таа нагласи дека за идната година во Буџетот се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини.

– Дневните центри коишто изминатиот период ги отворивме низ цела држава значат многу во локaлната заедница затоа што тие помагаат во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, кои се однесуваат на правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здравствена заштита, рехабилитација и вработување. Развојот на ваквиот вид услуги на локално ниво ги следат индивидуалните потреби на секое дете и лице со попреченост и на нивните семејства. Овие сервиси се мост до другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството, рече Царовска.

Министерката денеска во Валандово беше во увид на градежните работи на централната детска градинка „Калинка” во Валандово, која е во завршна фаза од реконструкцијата во енергетско ефикасен објект, а го посети и Дневниот центар за деца со попреченост.

Дневниот центар за деца со попреченост го посетуваат девет дечиња на возраст од три до 14 години во две групи, а за нив се грижат неговател, дефектолог и наставник по одделенска настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот