Отворена понуда: Мексико подготвено да му даде азил на Асанж

Џулијан Асанж / Фото: Твитер

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уште еднаш му понуди азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој е во притвор во Велика Британија и наскоро треба да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпионажа.

– Подготвени сме да му понудиме азил на Асанж. Сметаме дека американската Влада мора да дејствува хумано. Асанж е болен и би било знак на солидарност и братство да му дозволиме да добие азил во Мексико, рече шефот на државата.

Како што пренесе Бгнес, изјавата на мексиканскиот претседател доаѓа една година откако тој побара од Министерството за надворешни работи на земјата да поднесе барање и петиција до Велика Британија за ослободување и политички азил на Австралиецот.

Кон крајот на декември минатата година основачот на Викиликс Џулијан Асанж поднесе жалба на одлуката да биде екстрадиран во САД.

На 10 декември, Врховниот суд во Лондон ја усвои жалбата на САД за екстрадиција на Асанж.

Асанж беше обвинет за сексуално вознемирување и силување во Шведска во 2010 година. Тој од јуни 2012 година се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој беше приведен на барање на САД на 11 април 2019 година, а сослушувањето за екстрадиција почна на 2 мај 2019 година. Набргу потоа, американските власти објавија дека поднеле 17 нови обвиненија против Асанж за кршење на законите за шпионажа и откривање тајни информации. Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж се соочува со затворска казна до 175 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот