Отворена Меѓународната струмичка ликовна колонија

Со отворање на изложба на цртежи и графики од збирката на Меѓународната струмичка ликовна колонија, синоќа беше означен почетокот на 56. собир на ликовни уметници од повеќе земји од светот. Изложбата и колонијата за отворени ги прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

-Им посакав добредојде во Струмица на 15-те учесници на колонијата од САД, Полска, Украина, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Северна Македонија, со надеж дека ќе имаат плодна творечка атмосфера. Убеден сум дека Струмица со своите специфики ќе биде доволно инспиративна за да бидат создадени нови квалитетни дела со кои ќе биде збогатена богатата ликовна ризница на колонијата која брои околу 2.600 творечки продукти, создадени во различни ликовни дисциплини, рече градоначалникот Јаневски.

Меѓународната струмичка ликовна колонија ќе трае до 12 август, а во досегашните изданија учествувале 1.400 уметници од земји од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот