Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република”

EPA/STF

Синоќа на Гумење во Крушево беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска република”.  

Пред бројните посетители, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата Томе Христоски рече дека со манифестацијата го промовираме нашето историско и културно наследство.

„Пред нас е уште еден Илинден, уште 10 дена слобода и живеење во духот на слободата и победата на македонскиот народ. Пред нас се денови кои ги исполнивме со програма за да го одбележиме и промовираме нашето историско и културно наследство и да привлечеме посетители пред кои дополнително ќе ги претставиме нашите автентични вредности, верувања и заложби“ рече Христоски.

Напоменувајќи дека се реализираат повеќе проекти осовременување на животот во историско и туристичко Крушево, Христоски со порака за достоинствено чествување на големиот Илинден.

„Да го празнуваме празникот одговорно и достоинствено. Да бидеме вистински патриоти со тоа што ќе го испочитуваме залогот на Илинденците и ќе покажеме меѓусебно разбирање и поддршка. Вистински патриотизам е кога го почитуваш соседот, кога работиш заедно со граѓаните, кога стоиш гордо пред државното знаме“ рече Христоски на отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република”.

Првпат беше претставена видео-презентација на преку 300 документи, списи, фотографии, досега необјавени од Илинденскиот период, а се дел од ризницата на Државниот архив, заедно со одделенијата во Прилеп и во Битола.

Отворањето на манифестацијата беше збогатено со огномет, со настапот на составот „Љубојна”, а не изостана ниту традиционалниот импровизиран напад на Крушево како потсетување на славните илинденски денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот