Отворена изложбата „Кина во моите очи“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер во НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се обрати пред присутните по повод одбележувањето на 70-годишнината од oсновањето на Народна Република Кина.

– Изложбата, претставува легитимен дел од општите културни текови и модалитети, низ чија призма авторите настојуваат да ја гледаат НР Кина низ нивните очи, а како парадигма на тоа дека една култура само во очите на другата култура, себеси може целосно да се осознае, испишува и траекторија на македонското културно себе-откривање и себе-позиционирање – нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека фотографиите отвораат нови хоризонти на културно проучување, за што потврда се мноштвото контакти, средби и размени – меѓу македонската и кинеската култура, кои се детектирани уште од 1993 година, кога се воспоставени дипломатските односи меѓу НР Кина и РС Македонија, истакнувајќи ја и соработката, која Град Скопје ја има со збратимениот град Нан Чанг, а датира од далечната 1985 година.

– Град Скопје сака да ги поттикне и другите институции да продолжат да го доизградуваат патот на заемното македонско-кинеско пријателство, поддршка и разбирање, а и понатаму активно ќе поддржува вакви модели на интеркултурна соработка и дијалог – резимираше Јанчева

Изложбата, чија цел е афирмирањето на македонско – кинеските врски и промовирањето на културното наследство, природното богатство, културата, историјата, развојот и промените во Кина, видени преку очите на македонските граѓани, е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина, Град Скопје и на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот