Отворена истрага за смртта на хрватскиот новинар кој почина од ковид

Владимир Матијаниќ/Фото: Index.hr

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош потврди дека е покрената истрага врзана за смртта на новинарот на Индекс Владимир Матијаниќ.

Претходно, новинарката на Индекс Андреа Топиќ и животна сопатничка на 50-годишниот Матијаниќ објави хронологија од настаните во која откри дека итната помош не сакала да го хоспитализира новинарот.

Имено, два часа пред смртта, екипа на итната помош и објаснувала дека станува збор за нормални симптоми на ковид и не сакале да го хоспитализираат. Не реагирала ниту итната инфектолошка амбуланта ниту дежурниот лекар.

Исто така, два дена претходно, на Матијаниќ во болница му рекле дека во Хрватска има недостиг на лекови за спречување на тешки последици од ковид кои им се даваат на пациенти како него.

Сето тоа упатува на несоверно лекување заради што официјално е покрената истрага, пишува Индекс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот