Отворена истрага за подметнат пожар во катедралата во Нант

Јавното обвинителство на Нант отвори истрага за подметнување пожар во катедралата „Свети Петар и Павле” во Нант, кој е изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите. Пожарот беше забележан на три места, големата оргула и на двете страни на бродот на катедралата.  

Како што јави дописникот на МИА од Париз, за отворањето на истрагата не се чекаше многу, само три часа откако избувна. Истрагата се однесува на намерно подметнат пожар.

– Експерт за противпожарна заштита со седиште во Париз ќе биде на лице место во текот на денот. За истрагата е задолжена правосудната полиција на Нант, изјави обвинителот на Нант, Пјер Сенес.

Тој прецизира дека во оваа фаза истрагата е отворена за подметнување пожар. – Не може да се извлече заклучок сега,  бидејќи сè уште има многу работи  што можат да донесат нови елементи во истрагата, рече Сенес.

Обвинителот за француските медиуми изјави дека ќе има „голема работа на констатации, од страна на техничката и научна полиција, под надлежност на истражните органи”.  Експертот за противпожарна заштита, исто така, ќе донесе одлучна помош при откривање на точното потекло на инцидентот.

Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека во текот на денот ќе биде на местото на настанот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот