Отворен ресурсен центар за енергетска ефикасност за поддршка на граѓаните во Општина Карпош

Фото: Општина Карпош

Во просториите на Општина Карпош е отворен Ресурсен центар за енергетска ефикасност, кој на граѓаните ќе им нуди широк спектар услуги какви што се совети, информации, директни консултации, застапување итн.

– Ресурсниот центар е наменет за поддршка на енергетски сиромашните домаќинства што живеат во станбени згради, со посебен фокус на најранливите групи граѓани, какви што се постарите лица што живеат сами, корисниците на социјални станови, пензионерите со ниски примања, самохраните родители, лица со попреченост итн., но ги опфаќа и заедниците на сопственици, компаниите за управување со станбени згради, компании што спроведуваат мерки за енергетска ефикасност од бизнис-секторот, енергетски контролори, архитектонски фирми и градежни компании, даватели на финансиски инструменти како банки и микрофинансиски институции, институции на националната и локалната власт и сите граѓански организации кои иницираат и спроведуваат активности за заштита на животната средина преку подобрување на состојбата со енергетска ефикасност – објаснуваат од Општина Карпош.
Центарот ќе функционира во просторијата во ЗЕЛС (сегашна архива) секој работен ден од 7:30 часот до 15:30 часот со стручните лица од секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош.

Видео на денот