Отворен познатиот моден кварт во Милано

epa08419231 A person prepares a shop for reopening on Corso Vittorio Emanuele as coronavirus and lockdown restrictions are eased, in Milan, Italy, 13 May 2020. EPA-EFE/Matteo Corner

Изостанаа вообичаените гужви во продавниците за висока мода.

Милано денеска го отвори својот познат моден кварт „Квадрилатеро“ околу Виа Монтенаполеоне во рамките на втората фаза на попуштање на рестриктивните мерки. Меѓутоа, како што известува АНСА, немало многу купувачи.

Во меѓувреме, верниците присустуваа на првата миса после два месеци во катедралата Дуомо. Иако и во Рим се отворени продавниците, баровите и рестораните, улиците на Рим се прилично празни.

Имало гужви околу неколку продавници каде се продаваат карти за метро зошто луѓето се враќаат на работа.

При влезот во метрото и во автобусите луѓето одржуваат физичка дистанца.

Денеска се отворени и фризерски салони, кои целосно се резервирани зошто не работеа два месеци.

Овие барови кои почнаа да работат, држат строга физичка дистанца од најмалку еден метар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот