Отворен повик за „буткамп“ за женско претприемништво

Ќе бидат избрани жени кои основале стартап бизнис во последните три до шест месеци или ќе започнат сопствен бизнис во следните девет до 12 месеци.

За прв пат сите 11 балкански земји ќе може да учествуваат на петдневен буткамп за жени претприемачи кој е планирано да одржува последната недела од месец мај.

Како што најавуваат организаторите „Womenpreneurs Stories“ и асоцијацијата „Стартап Македонија“, заедно со тимот од „ЦЕЕД Хаб Скопје“, програмата е наменета за жени кои првпат стануваат претприемачи, а сите заинтересирани учеснички можат да аплицираат на повикот најдоцна до 24 мај, 2020 година.

Ќе бидат избрани жени кои основале стартап бизнис во последните три до шест месеци или ќе започнат сопствен бизнис во следните девет до 12 месеци.

-Ги креиравме модулите да покријат теоретско и практично искуство во стартап и иновацискиот екосистем, правни аспекти, наоѓање клиенти, бизнис модел канвас, формирање тим, раскажување приказна и презентирање, дигитален маркетинг, подготвеност за добивање инвестиции, пристап до странски пазари. Но, најважно е што тие ќе можат да учат и да соработуваат со истомисленици од нашиот регион, вели Нина Николиќ, лидер и иницијатор на настанот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот