Отворен патот на Камала Харис за претседателски кандидат од демократите

Камала Харис, потпретседателка на САД/кандидатка за претседателка на САД Фото: EPA-EFE/LESLIE PLAZA JOHNSON

Американската потпретседателка Камала Харис освои доволно делегатски гласови за да биде номинирана од Демократската партија за учество на претседателските избори во ноември, соопшти претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон.

Процесот на онлајн гласање завршува в понеделник, но Камала Харис веќе го надмина прагот денеска и го освои мнозинството од гласовите на делегатите.

– Чест ми е што сум потенцијален демократски кандидат, рече Харис во разговор со поддржувачите, додавајќи дека формално ќе ја прифати номинацијата следната недела.

Официјалната номинација се очекува да биде финализирана до 7 август, иако партиската конвенција во Чикаго планирана е да почне за нешто повеќе од две недели.

Потпретседателката на САД изјави дека е возбудена за иднината, но дека е свесна дека „и претстои многу работа“.

„Моќта е во народот. Ќе победиме на овие избори“, нагласи таа.

Во меѓувреме, Харис вклучи тројца соработници на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во својот предизборен штаб за претстојните претседателски избори. Вклучени во предизборниот штаб на Харис се Дејвид Плуф, Стефани Катер и Мич Стјуарт.

Плуф е политички стратег кој ја водеше успешната претседателска кампања на Обама во 2008 година и работеше како виш советник во неговата предизборна кампања за реизборот во 2012 година.

Катер, која беше шеф за комуникации во Белата куќа, беше и заменик-менаџер на кампањата на Обама. Нејзината фирма има договор да ја организира Демократската национална конвенција помеѓу 19 и 22 август во Чикаго.

Стјуарт, како и Плуф, работеше за Обама за време на двете негови изборни кампањи. Сега тој доаѓа како висок советник во кампањата во најспорните држави во трката меѓу демократите и републиканците.

Повеќе моќ во изборниот штаб на Харис сега оди кај Дејвид Биндер, кој, како и кога работеше под Обама, ќе го води тимот за испитување на јавното мислење, сега следејќи ги и медиумските трендови.

На чело на изборниот штаб на актуелната потпретседателка на САД е ветеранот од кампањата Џен О’Мали Дилон, која водеше три успешни кампањи – двете на Обача и онаа на Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот