Отворен нов клуб за пензионерите од Крњево и Кале

За највозрасните граѓани во населба Крњево и Кале е отворен новиот пензионерски клуб „Гоце Делчев“ сместен во просториите на ЈП „Паркови на Општина Центар“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека Општина Центар постојано ги следи потребите на граѓаните и се обидува да им излезе во пресрет.

Пензионерите од Општина Центар се висок приоритет за нас и затоа ние како локални власти се трудиме да им обезбедиме содржини кои ќе им бидат интересни, места што ќе претставуваат, катче каде ќе се среќаваат, ќе се дружат и квалитетно ќе го поминуваат слободното време – вели Герасимовски.

Ова е седми пензионерски клуб кој се отвора на територија на општината и втор од ветените три во предизборната кампања на актуелниот градоначалник. Следниот, како што најавува Герасимовски, ќе биде отворен близу Универзална сала и со неговото отворање Центар ќе биде единствената општина која во секоја урбана заедница ќе има пензионерски клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот