Отворен e македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектурата во Венеција

Со претставување на проектот „Сега“ на Бирото за проектирање – БИНА во дворот на „Палата Зорци“, седиште на УНЕСКО во Венеција, на 20 мај официјално беше отворен македонскиот павилјон на една од најпрестижните глобални архитектонски манифестации – 17. Биенале на архитектурата во Венеција.

Во своето поздравно обраќање, комесарот на проектот, Дита Старова – Ќерими, настанот го оцени како ретка можност за достоинствено претставување на нашата земја на манифестацијата која традиционално се одржува во Венеција со проект кој кореспондира со прашањето „Како ќе живееме заедно?“. Куратори на проектот се Бекир Адеми и Јордан Шишовски. Покровител на изложбата е Министерството за култура на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 81, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-24 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот