Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на градскиот плоштад

УКИМ/ Фото: Архива на Слободен печат

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје денеска попладне на градскиот плоштад организира четиричасовен Отворен ден на кој ќе ја претстави својата дејност, мисија и визија.

Посетителите ќе имаат можност непосредно да се запознаат со работата на 33-те единици на Универзитетот. Како дел од манифестацијата ќе се одржи музичка програма и дефиле на учесниците на Меѓународниот студенски фолклорен фестибал и Етно фестивалот на солидарноста. Во рамки на манифестацијата ќе биде прикажан и филм подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот.

Настанот е поддржан од студенските организации на Универзитетот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот