„Отворен Балкан“: Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка

Фото: МИА

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули денеска во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”, јави допсиникот на МИА од Белград.

Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан” и е првиот чекор кон конкретизирање на договорот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама на зајакнување на економската соработка во регионот.

Макрадули изјави дека потпишувањето на Протоколот за соработка е почеток на практичната имплементација на иницијативата „Отворен Балкан”, што во Скопје ја најавија лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

– Ние сме соседи и соработници, но во суштина нашата соработка може да биде далеку поголема. Затоа денешниот документ не е само формалност, бидејќи нашата соработка, особено преку развојот на е-трговијата и логистичките капацитети, ќе ги постави темелите за отворање трговија на Балканот, што е исклучително важно за надминување на последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави Макрадули.

Ѓорѓевиќ по потпишување на Протоколот изјави дека поштите на Србија и Северна Македонија сакаат да бидат лидери не само во национална, туку и во меѓународна рамка, и дека Протоколот што е потпишан претставува рамка на соработка за постигнување на таа цел.

Тој посочи дека Пошта на Србија, благодарение на широката мрежа на меѓународни линии, пред се кон Северна Америка, националната авиокомпанија „Ер Србија”, што наскоро се очекува да воведе летови до Далечниот Исток, ќе стане регионален центар за логистичко-поштенски услуги, со што дополнително ќе ја поддржи имплементацијата на иницијативата „Отворен Балкан”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот