Отворањето на Германија е замка за некои странски работници?

Поедноставениот влез на ниско платени работници во Германија се заканува да создаде „нова пониска каста“ во земјата, предупредуваат експертите.

„Работата во секторот со ниски плати за странските работници често е повеќе замка отколку отскочна даска“, велат авторите на студијата објавена во вторник од Советот на експерти за интеграција и миграција (СВР), пишува дпа, пренесува Пословни хр. Анализата се занимава со планот на германската влада да им дозволи на странските работници осум месеци работа годишно без оглед на нивните квалификации. Инаку, министерот за труд Хубертус Хајл и шефицата на дипломатијата Аналена Баербок моментално се на турнеја во Јужна Америка каде, меѓу другото, се залагаат за доаѓање негувателки и квалификувани работници да работат во Германија.

Одредени сектори во економијата како градежништвото, земјоделството, прехранбената индустрија и домашната нега не би можеле да опстанат без странски работници. Сепак, тие работат за најниски плати, под најтешки услови и без можност за напредување и често се соочуваат со систематско кршење на правата, се вели во студијата. Затоа експертите препорачуваат странските работници да добијат целосни информации за правата и механизмите за заштита.

Дополнително, треба да се дозволат колективни тужби бидејќи тоа ја зголемува шансата, на пример, групи работници од Источна Европа кои зборуваат малку германски, да се заштитат од голем работодавец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот