Отворање на Параолимписките игри во Токио, Наковска Бикова ја претставува Македонија со надеж за медал

Повеќе од 4.500 спортисти од 163 држави ќе се натпреваруваат за 539 медали во Токио/Фото: EPA-EFE/Joel Marklund

Македонија на Параолимписките игри во Токио ќе биде претставена од еден претставник, во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова ќе настапи во три дисциплини.

Наковска Бикова оди во Токио со обезбедена норма, според најавите ќе учествува во три дисциплини, П2-воздушен пиштол жени 10 метри на 31 август, потоа на 2 септември во П3-спорт пиштол 25 м, а на претпоследнито ден во П4-пиштол слободен избор 50 м.

Параолимпијадата во Токио ќе се одржува од 24 август до 5 септември без присуство на публика на трибините поради пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19.

Наковска Бикова на Параолимписките игри во Лондон 2012 успеа да го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол (10 м).

Во Токио ќе има 4.403 спортисти, а ова ќе бидат Параолимписки игри со најголем број жени кои ќе учествуваат – вкупно 1.853 спортистки ќе се натпреваруваат во јапонскиот главен град. Заедно со нив, ќе учествуваат 2.550 мажи, и сите тие ќе се натпреваруваат заедно во 22 спортови и 23 дисциплини. Вкупно 163 држави ќе се натпреваруваат за 539 медали.

– Новиот рекорд за бројот на учесници на Параолимписките игри е само показател за одличната и посветена работа на Меѓународниот параолимписки комитет, како и на Параолимписките комитети во сите земји учеснички, особено во ова време на предизвици без преседан. Во наредните денови, спортистите ќе ги разбијат сите стереотипи со своите настапи и ќе покажат зошто лицата со попреченост треба да бидат активни, присутни во сите сфери на животот и дека сега се еднакви членови на секоја заедница повеќе од кога било – рече претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс.

Свеченото отворање започнува во 13.00 часот по средноевропско време.

Оливера Наковска Бикова (стрелаштво) ќе настапи во три дисциплини во Токио/Фото: Македонски Параолимписки комитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот