Отворање нови улици и влезови во Клинички, реорганизација на протокот на пациенти

Во текот на утрешниот ден ќе имаме состанок со директорите на клиниките од Клиничкиот центар за постепено враќање на работата на клиниките во нормала со нешто изменет терк на закажување преку системот МојТермин, каде се ревидира и ќе се измени времетраењето на прегледите за да се избегне гужвата во амбулантите, задолжително воведување е-амбуланта таму каде може и соодветно закажвање на снимањата, со цел да се избегнат гужвите како на Рендген институтот, така и во другите болници каде има дијагностички апарати. Ова се совпаѓа со целосното завршување на реконструкцијата на улиците во Клиничкиот центар.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која рече дека разговарал со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и се очекува до крајот на неделата тоа целосно да заврши.

– Се асфалтираат сите улици се отвора нова улица меѓу Хирушката клиника и Клиниката за стоматологија со што значајно очекуваме да се растерети гужвата. Се отвораат два нови влеза – еден сосема нов после повеќе од 50 години директно ќе води во Ургентниот центар на хирургија и уште еден влез и излез кај Инфективната клиника, каде е поставена и Мобилната болница. Во периодот кој следи ќе стигне и целосната опрема, рече Филипче.

Во овој момент нема потреба за дополнителен капацитет на Инфективната клиника, посочи министерот и изрази надеж дека тоа така ќе остане во следните месеци, па дури и наесен.

– Тоа планираме да биде една форма на тријажен центар, форма на Ургентен интернистички центар кој досега функционираше на Клиниката за токсикологија. Но, овој ќе биде целосно опремен подготвен со ротација на лекари специјалисти, во смисла на анализа проверка на пациентите дали се или не се Ковид-19 позитивни, за да се знае како да се продолжи со нивното леквање односно по кои патеки. Со други зборови една целосна реоганизација на протокот пред се на итните пациенти во Клиничкиот центар, додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот