Отворање на судска истрага против францускиот министер за правда за „конфликт на интереси

Ерик Дупон-Морети/ Фото: EPA-EFE/CHARLES PLATIAU / POOL MAXPPP OUT

Јавниот обвинител Франсоа Молан го потврдува претстојното отворање на судска истрага против францускиот министер за правда Ерик Дипон-Морети за „конфликт на интереси”, јави дописникот на МИА.

Оваа вест е потврдена од соопштението за печатот, јавниот обвинител на Касациониот суд, Франсоа Молан.

По испитувањето, комисијата за жалби на Судот на правдата на Републиката, составена од високи судии и која делува како филтер,  пресуди дека се прифатливи жалбите од здружението Антикор и трите синдикати на судиите против министерот за правда, додаде Молан во соопштението за печатот.

Овие жалби го обвинуваат Дипон-Морети дека започнал административна постапка во септември против тројца судии на Националното финансиско обвинителство, кои учествувале во истрагата насочена кон идентификување на крт кој наводно ги известил Никола Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог дека „биле прислушувани”. За време на овие истраги, беа испитани деталните телефонски фактури на неколку адвокати, меѓу кои и на актуелниот министер за правда.

Овие жалби, исто така, го обвинуваат министерот дека отворил друга административна истрага против судијата Едуард Левро, кој обвинува, дека по завршувањето на неговите функции како истражен судија во Монако, бил под притисок. Пред да стане министер, Ерик Дипон-Морети беше адвокат на еден од полицајците обвинети од овој судија и ги критикуваше методите на судијата. По овие жалби, Комисијата за жалби на Судот на правдата на Републиката го одобри барањето на обвинителот Молан да му ја даде постапката на истражниот совет на истиот суд.  Овој истражен совет дејствува како истражен судија во врска со делата извршени од министрите при вршењето на нивните функции и ќе води истрага за министерот на правда откако судската истрага ќе биде ефективно отворена од страна на обвинителот. Молан.

Неколку други министри или поранешни министри на Емануел Макрон, вклучувајќи ги Едуард Филип, Ањес Бузин, Оливие Веран, Сибет Ндијае, веќе се наоѓаат на мета од 7 јули од страна на други судски информации доверени на истражниот комитет на Судот на правдата на Републиката, за начинот на кои тие раководеа со кризата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот