Отворање на нова книжарница „Литература.мк“ во ТЦ Буњаковец

Отворање на нова книжарница „Литература.мк“ во ТЦ Буњаковец

Книжарницата е уредена според најновите трендови за продажба на книги, а во фокусот е портретот на легендарниот архитект Ле Корбизје.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и Градски трговски центар (ГТЦ) во Скопје и на „Широк Сокак“ во Битола.

Со новото продажно место „Литература.мк“ ќе продолжи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Ќе биде застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици.

На денот на отворањето за секоја сметка повисока од 500 денари следува подарок книга, а ќе има и слатки изненадувања за сите посетители.
Продажниот простор на „Литература.мк“ работи согласно работното време на ТЦ „Буњаковец“, од понеделник до сабота од 9 до 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот