Отворање на нов независен Театар „Златен елец“ во Скопје

Tеатар „Златен Елец“ официјално почнува со работа.  Овој месец ќе одигра две претстави во програмата на Скопско лето.

Првиот датум е на 10ти јули за монодрамата „Дневникот на лудиот“ од Николај Гогољ во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски. Инаку до сега има гостувано  во Албанија и низ Македонија и има освоено три награди, а во месец април 2020 година во манифестацијата на Град Скопје Култура во време на корона беше прва изиграна претстава во живо за две социјални мрежи. Претставата по 21 пат ќе биде изведена на отворено во Сули Ан во Скопје за ограничен број на публика.

На 27ми јули пак на истата локација свечено го отвараме театарот со првата официјална премиера, се работи за комедијата со работен наслов „Еротика“ во режија на Ѓорѓи Ризески а играат Бобан Алексоски, Надица Петрова и Никола Кузелов. Актуелна тема на едно “издувано” општество каде што не постојат повеќе никакви вредности.

-Втората премиера е исто речиси готова, но сме спречени да ја одиграме заради забраната за јавни настани во затворен простор, а претставата многу зависи од просторот. Се работи за продолжението на монодрамата – „Дневникот на лудиот 2: Човекојадство“ по текст на Лу Син од истата екипа од првиот дел. Премиерата на оваа претстава ќе се случи веднаш по дозволата за изведба во затворен простор и за ограничен број на публика во Социјалниот центар Дуња во Скопје.  Истиот лик сега доживува нова форма на лудило при повторно бегство од лудницата. Мило ни е што оваа едиција што веќе ја имаме е еден вид театарска работилница за лудилото во книжевноста што го опишуваат големи автори како Гогољ и Син- наведуваат во соопштението од Театарот.

Третиот проект припаѓа на најмладата публика и ќе се случи во месец август, тв премиера на претставата за деца „Чувари на планетата“. Лекции низ сцени за тоа како да се справиме со сите зла што и се закануваат на Земјата.

-Кон крајот на летото ќе организираме гостувања со сите претстави што овие два месеци ќе ги промовираме пред публиката. Целта е да посочиме светови во време кога само така можеме да избегаме од она што сакаме навистина да избегаме.  Во театар, а сега секаде е театар. Само замисли. И дојди. Ова уметничко здружение, односно независниот театар „Златен Елец“ го раководат младите невработени актери Бобан Алексоски и Надица Петрова- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот