Отворање на нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро една од темите на владината седница

Владата во рамки на денешната редовна 142-ра седница ќе разгледа повеќе предлог – закони и информации од повеќе министерства.

Од владината прес-служба информираат дека на седницата на предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе биде разгледана информацијата за напредокот на процесот на изготвување закон за донирање на вишокот на храна.

На предлог на Министерството за надворешни работи три важни предлог – закони ќе бидат разгледани на седницата и тоа: предлог – законот за ратификација на амандманот од Доха на протоколот од Кјото кон Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, предлог – законот за ратификација на спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција, како и предлог – законот за ратификација на спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во Регионот на Преспанското Езеро.

Пред министрите денеска ќе се најде информацијата за статусот на воспоставувањето на само одржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион.

На дневен ред на 142-та владина седница е и информацијата за мапирање на јавните институции и локации за бесплатен WIFI пристап.

На предлог, пак, на Министерството за здравство членовите на Владата денеска ќе дебатираат за информацијата со акциски план за зајакнување на капацитетите на националниот систем за следење, превенција и контрола на заразни болести

Како материјал за информирање Владата денеска ќе ги разгледа информациите за прогрес на имплементирани проекти од Стратегијата за Роми 2014-2020 во Министерството за труд и социјална политика, како и информацијата за стимулирање и поддршка на стручни и дефицитарни кадри во областа на културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот