Отворање на галеријата „Рудиќ“

Со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуса “Appearing – Disappearing” и “EXIT” денеска во Скопје ќе биде отворена галеријата „Рудиќ“.

Како што наведува Рудиќ, галеријата како изложбено место за фотографија и визуелни медиуми има цел да организира и презентира изложби на реномирани автори и да промовира нови таленти низ нивното патување во запознавање на визуелна култура. Галеријата, додава тој, ќе биде и место каде љубителите на уметноста можат да ги купат нивните дела, како и место на друење и разговарори за фотографија.

Боро Рудиќ е еден од најпознатите македонски фотографи, автор е на 20-тина самостојни и учесник на повеќе од 250 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на повеќе од 60 награди. Тој е носител на највисокото фотографско звање, Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот