Отстранувањето на Судан од американската листа ќе го олесни надворешниот долг од 60 милијарди долари

Минатата недела Министерството за здравство извести дека од непозната болест починале десетици луѓе во областа, која е една од најтешко погодените од неодамнешните поплави/ Фото: МИА

Отстранувањето на Судан од американската листа на земји кои го спонзорираат тероризмот ќе и ги отвори вратите на земјата да го олесни надворешниот долг од 60 милијарди долари, изјави премиерот на Судан, Абдалах Хамдок.

Хамдок имаше говор преку државната телевизија откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД ќе го отстранат Судан од списокот, што претставува голема пречка за земјата во нејзините односи со меѓународните институции.

Трамп нагласи дека ќе го отстрани Судан од списокот на земји што финансираат тероризам, откако новата влада на таа земја исплати повеќе од 335 милиони долари обештетување на американските жртви.

– Новата влада на Судан, која бележи голем напредок, се согласи да исплати 335 милиони долари на американските жртви на тероризам и нивните семејства, напиша претседателот Трамп на својот профил на Твитер. Тој додаде дека кога парите ќе бидат уплатени, ќе го избрише Судан од списокот на земји што го спонзорираат тероризмот.

Трамп ќе го тргне Судан од листата на земји кои спонзорираат тероризам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот