Отстранети сите дефекти, надеж за тетовци дека ќе се нормализира водоснабдувањето

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Тетово три дена се соочуваше со прекини во водоснабдуавњето откако два дефекти се појавија на Ф300 водоводни цевки кои се втора категорија по големина и значајни за проток на големи количини вода.

Тетовци вечерва може да очекуваат комплетно нормализирање на водоснабдувањето откако доцна попладнево се заврши отстранувањето на дефектот во паркот кај Пашината џамија. По девет часа работа во 17 часот е завршена промената на пукната ф300 водоводна цевка.

– Извршена е промена на пукнатата салонитна цевка со соодветна пластична. По поставувањето на нова цевка пуштена е во употреба целата цевководна линија која е важна за водоснабдување на 15 отсто од градот како населбите Блок 70 и дел од Пржова Бавча како и објектите на улиците „Браќа Миладинови”и „Ѓорче Петров, кои досега немаа вода. Во зависност од исполнување на системот и цевководите со вода и ќе се нормализира водоснабдувањето и во населбите каде најдолго имаше прекин во добивањето на водата за пиење, информира Љуљзим Шаќири од Водовод и канализација.

Тетово три дена се соочуваше со прекини во водоснабдуавњето откако два дефекти се појавија на Ф300 водоводни цевки кои се втора категорија по големина и значајни за проток на големи количини вода. Во средата и четвртокот околу 90 проценти од градот имаше прекин во водоснабдувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот