Отстранети 77 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Паркинг во Центар / Фото: МИА

Во текот на изминатата недела со специјали возила пајак отстранети се вкупно 77 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 11 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 66 се по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедстка патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци и по повик на трето лице, информира Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 138 возила за неплатена паркинг услуга, од нив 11 се отстранети со пајак служба, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и ЈП „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Во однос на услугите за паркирање, апелираат за навремено регулирање на паркинг-услугите. Плаќањето за паркинг-услугата се врши преку СМС порака или греб картичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот