Отстранети 28 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Вкупно 28 возила се отстранети со специјалните возила „пајак” од јавните површини на Град Скопје во текот на изминатата недела поточно од 20 до 26 овој месец. Единаесет од нив се отстратени од зонските паркиралишта, а останатите 17 по налог на сообраќајната полиција по разни основи за непрописно паркирање.

Во истиот период контролорите на зонските паркиралишта санкционирале 107 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 11 возила се отстранети со „пајак” службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот