Отстранете ги опасните бактерии: Темелно исчистете ја салатата пред јадење

unsplash

Повеќето зеленолисни зеленчуци иако можат да се најдат без разлика што не им е сезона, сепак најдобро е да се консумираат напролет, кога ќе им почне сезоната. Тогаш се најсвежи и богати со витамини, а особено се богати со железо, кое на организмот му недостасува.

Но, колку и да е се корисни овие салати, сепак зеленолисните зеленчуци можат да бидат заразени со бактеријата ешерихија коли, која е многу опасна.

Затоа пред консумација треба темелно да се исчистат и измијат. Прво треба да ги фрлите надворешните стари листови што содржат најмалку корисни материи.

unsplash

Потоа треба темелно да ги измиете. Прво покиснете ги 15-20 минути во вода во која сте ставиле оцет или лимонов сок, кои помагаат во уништување разни бактерии. Или можете да ставите 1 лажичка сода-бикарбона во 1 литар вода и да ги покиснете. Потоа измијте ги со свежа вода и исцедете ги добро од водата.

Најдобро е да имате кујнска центрифуга за салата, а ако немате, оставете ги на чиста кујнска крпа да се впие вишокот вода. Потоа зеленчукот е подготвен за правење салата.

Видео на денот