Отстранета рачната бомба во Центарот на Прилеп

Отстранета е експлозивната направа – рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот „Кафе ин” во центарот на Прилеп.

Полицијата почна да го ослободува просторот за нормално движење на граѓаните и одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од СВР Битола експлозивната направа – рачната бомба ја пронашол околу 12.10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш ја алармирал полицијата.

Се чекаше да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор.

Се уште нема подетална информација за оваа ситуација која ги вознемири и ги шокира прилепчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот