Отстранета ознаката за тајност: Украина објави непознати податоци за трагедијата во Чернобил

epa08435375 Aerial photo taken by the drone shows the garbage dump at Kwasowa Street in Zgierz, Poland, 21 May 2020. Independent presidential candidate Szymon Holownia held a press conference under the slogan 'Polish Chernobyl' at the garbage dump. According to media reports, 28 June 2020 will be the most likely date for this year's presidential election, the final decision would be taken by Sejm (lower house) Speaker Elzbieta Witek. EPA-EFE/GRZEGORZ MICHALOWSKI POLAND OUT

Како што се наведува, во периодот од 1971 до 1981 година во електраната се забележани 29 инциденти, вклучувајќи и неколку помали оштетувања. Осум инциденти се случиле поради невнимание на персоналот.

Архивата на Службата за безбедност на Украина и Украинскиот институт за национално сеќавање ја тргнаа ознаката за тајност од документите за изградбата на нуклеарната централа Чернобил и несреќата која таму се случи.

Институциите се повикуваат на објавената втора книга од зборникот „Чернобилско досие на КГБ. Од изградбата до несреќата“. Таа вклучува документи кои го опфаќаат периодот до 1970 до ноември 1986 година. Во книгата се претставени 229 документи, а голем дел од нив се објавени првпат, пренесува Спутник.

Како што се наведува во документите, инциденти на нуклеарната електрана во Чернобил се случувале и пред април 1986 година, но за тоа никој не зборувал.

-Документите содржат сведоштва за хаварии во електраната во 1986 година, транскрипти од телефонски разговори во ноќата на 26 април, примерок од првиот извештај за несреќата, информации за почетокот на истрагата и изградбата на „купола“, рече директорот на архивата на СБУ Андреј Когут.

Украинците им оддаваат почит на загинатите после експлозијата во Чернобил кои се обидувале да го спречат ширењето на радијацијата/ 26 април 2020/ Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Според зборовите на директорот на институтот Антон Дробовиќ, документите ќе придонесат за „подобро разбирање на трагедијата, зошто вклучуваат извештаи и материјали за „ситни хаварии“, кои и претходно се случувале во нуклеарната централа, но се прикривани“.

Претходно украинската специјална служба објави тајни документи кои сведочат за неквалитетните градежни и инсталациски работи, нарушување на технолошката дисциплина и безбедносните правила во нуклеарната електрана во Чернобил.

Како што се наведува, во периодот од 1971 до 1981 година во електраната се забележани 29 инциденти, вклучувајќи и неколку помали оштетувања. Осум инциденти се случиле поради невнимание на персоналот.

Хаварија во нуклеарната електрана

На 25. април 1986 година во текот на планско тестирање на четвртиот енергетски блок на нуклеарната електрана се случила експлозија. Нуклеарното јадро на реакторот целосно е уништено, зградата на погонската единица делумно се урнала и дошло до значајно емитување на радиоактивни честички во околината.

Имињата на оние кои ги дадоа своите животи по хаваријата во Чернобил се испишани на споменик во Киев / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Во моментот на несреќата загинале две лица, околу 600 луѓе од станицата и пожарникари добиле висока доза на зрачење (28 од нив починале таа година). Повеќе од 200.000 квадратни метри од СССР биле изложени на радиоактивна контаминација. Според проценките на експертите, тоа била најголема несреќа во историјата на нуклеарната енергија. Во отстранувањето на последиците учествувале повеќе од 600.000 луѓе.

Градот Припјат се наоѓа на три километри од нуклеарната електрана „Чернобил“. Пред несреќата во него живееле 47.000 луѓе, а сега тоа е град на духови поради високото  ниво на радијација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот