Отстранет од олимпискиот тим на Австралија поради кокаин

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Репрезентативецот на Австралија во коњички спортови, Џејми Кермонд (36) е исфрлен од олимпискиот тим на својата земја, откако неговиот антидопинг тест бил позитивен на кокаин.

Тој беше тестиран на крајот на јуни, а сега резултатот стигна до Австралиската коњичка федерација, која веднаш го казни Кермонд!

– Кокаинот е забранет за учесници на натпреварувањата според прописите на Светската антидопинг агенција и австралиските национални регулативи за антидопинг за 2021 година – пишува во официјалното соопштение.

Австралискиот олимписки комитет не размислуваше многу и Кермонд веднаш беше отстранет од списокот на патници за Токио кои имаа лет истата вечер. Интересно е што неговиот коњ Напа пристигна во Токио неколку дена порано!

– Многу сум вознемирен и жалам за сè, но прифаќам целосна одговорност. Искрено ми е жал затоа што изневерив многу луѓе, пред сè моето семејство и пријателите од тимот – рече Кермонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот