Отстранет натписот на седиштето на УСАИД во Вашингтон/Фото: EPA-EFE/ALEX WROBLEWSKI

Отстранет и натписот од зградата на УСАИД

Натписот на зградата во Вашингтон каде е сместена Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот и покрајт тоа што федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2.200 вработени во УСАИД.

Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД.

Во соопштение на социјалната мрежа „Икс“, чиј сопственик е самиот Маск, тој напиша дека „оваа зграда сега е окупирана од Царинската и погранична служба“ на САД.

Активностите се дел од радикалната реструктуризација на владата, одобрена од Трамп, за кратење на федералните работни места и на трошоците за функционирање на американската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот