Отслужувал доживотен затвор, а по 37 години е прогласен за невин

Роберт Дубоа, на кого во 1980-тите му се судело за кривично дело што не го сторил, прво е осуден на смрт во 1983 година, но судот подоцна тоа го заменил со казна доживотен затвор.

Американецот Роберт Дубоа од Флорида бил осуден за убиство и силување и мина 37 години в затвор… Но, пред извесно време, со помош на современа ДНК-анализа, тој е прогласен за невин.

Државниот правобранител на Хилсборо, Ендрју Ворен изјави дека ДНК-анализата го решила случајот, во којшто Дубоа неправедно бил осуден 1983 година за силување и убиство на 19-годишната Барбара Гремс. Тој рече дека доказите потврдиле дека 55-годишниот Роберт Дубоа не го сторил кривичното дело во 1983 година и дека вистината е откриена како резултат на преиспитување на ДНК-доказите како дел од њујоршкиот „Проект за невиност”.

– Во 2016 година ветив дека ќе формирам Единица за проверка на осудените, што ќе ги испитува сомнителните пресуди. Денеска го започнавме процесот на ослободување на човек што минал 37 години в затвор за убиство што не го сторил, а сега се впуштаме во потрага по вистинскиот убиец, рече Ворен.

Роберт Дубоа, на кого во 1980-тите му се судело за кривично дело што не го сторил, прво е осуден на смрт во 1983 година, но судот подоцна тоа го заменил со казна доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот