Отсега тротинетите може да ги полните на „соларното дрво” во Карпош

Поставено е прво „соларно дрво” на кејот на реката Вардар, во близина на „Алпинистичката карпа”.

Станува збор за инсталација преку која со обновлива енергија, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти, мобилни телефони, лаптопи, таблети и електрични тротинети.

Од Општината информираат дека оваа инвестиција е овозможена од Германското здружение за меѓународна соработка (ГИЗ).

Општинските власти посочуваат дека локалната самоуправа се стекнала и со шест електрични тротинети, кои ќе бидат користени од администрацијата како превозни средства за тековните потреби.

– Општина Карпош инвестира во проекти кои се од суштинско значење за заштита на животната средина, а грижата за околината е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, соопштуваат од Општина Карпош.

Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност Љупчо Димов, нагласил дека во иднина се планира и поставување на бесплатна интернет мрежа на оваа локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот