Отсега ќе може онлајн да купите билети за Скопска зоолошка

„Македонски Телеком” ја креираше апликација Скопје ЗОО, што овозможува дигитално искуство на сите посетители во Зоолошката градина во Скопје, онлајн билети, дигитална навигација и едукација за повеќе од 500 животни.

– Инволвираноста и целосната посветеност на вработените во развојот на апликацијата, овозможи да создадеме интерактивна апликација која освен што е интересна за едукација на најмладите, овозможува полесно дигитално живеење и за сите останати посетители. Вработените се активно вклучени во остварување проекти и идеи каде што технологијата се користи во служба на општеството и преку оваа апликација даваат свој придонес кон креирање хумано дигитално општество соопшти Зоолошката градина Скопје.

Апликацијата е достапна во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од Плеј стор и Ап стор.

Во иднина се очекува апликацијата Скопје ЗОО да биде надградувана со нови функционалности со цел корисниците да имаат можност за повеќе забавни и едукативни содржини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот